Утре средба на граѓаните со Христијан Мицкоски
петок, 15 ноември 2019
zgrada12q.jpg-Во Охрид и Македонија владее очај, апатија без никаква иднина.Веќе три години владеење на СДСМ наместо владеење на правото видовме корупција и криминал, наместо решавање на проблемите на граѓаните и капитални инвестиции видовме продавање на државните интереси,стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се повикува на средба  утре во 12 часот на градскиот плоштад со лидерот Христијан Мицкоски.

-Неправдата мора да престане, неработењето и неспособноста на власта предводена од СДСМ мора да се промени.Владеење на правото и економски просперитет се невозможни со Зоран Заев и СДСМ на власт.

Нашите деца заслужуваат подобра иднина.

Токму поради тоа Ве повикувам утре, 16 ноември сабота, во 12 часот на градскиот плоштад, на разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за обнова на Македонија со вашите идеи, сугестии и предлози, ќе креираме решенија и програми.

Заедно да го поразиме заевизмот, неправдата, сиромаштијата и ќе ја обновиме Македониија.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со вас ќе го трасира патот за поубав Охрид и обновата на Република Македонија.се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид
Последни измени ( петок, 15 ноември 2019 )