Граѓански форум со претставници на месните...
четврток, 14 ноември 2019
kod5t.jpgВечерва со почеток во 19 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи граѓански форум на кој ќе учествуваат претставници од Општина Охрид и од месните заедници.

Целта на средбата е да се слушнат предлозите и барањата на граѓаните од руралните средини и истите да се имаат во предвид при креирањето на општинскиот буџет за 2020 година.

На средбата ќе присуствуваат претставници од Секторите за Финансиски прашања и Комунални дејности сообраќај и улици и претставници од Советот на   Општина Охрид.