Охрид четири години нема генерален урбанистички план
среда, 13 ноември 2019

ohrid3w.jpgОхрид веќе четири години нема генерален урбанистички план.Последен пат ваков план бил донесен во 2005 година.Требало да важи за период од десет години,

Генерален урбанистички план за Охрид беше донесен во 2005 година.Требаше да важи до 2015 година.Значи тој план веќе не важи,а урбанистичките проблеми во градот се решаваат парцилајно со детални урбанистички планови со кои се одредува,на пример, висина на станбени иобјекти и некои дуриг урбанистички зафати.Интересно е што со него делот каде што се наоѓа некогашната фабрика Братство” се води како индустриска зона,а таму има згради,сместувачки капацитети.Првобитната намена со тој план е надмината.Дополнение на генералниот урбанистички план е донесена пред неколку години за просторот кај Студенчишкото блато поради намерата тука да се изгради марина за пловни објеки”,ни изјавија од локалната самоуправа.

 

И градначалникот Константин Герогиески ни потврди дека генералниот урбанистички план за Охрид  важел до 2015 година.

 

Непостоењето на нов генерален урбанистички план им создава проблеми и на инвеститорите на нови станбени градби и на граѓаните.Урбанистичките проблеми се решаваат парцијално,велат охридски архитекти.