Македонсите одбојкари по победата над Словенија...
вторник, 17 септември 2019
odbojka1q.jpgМакедонската одбојкарска репрезентација приреди големо изненадување откако го совлада домаќинот Словенија во петтото коло на Европското првенство.

Македонија славеше над европскиот вицепрвак со 3:1 во сетови (26:24, 30:28, 19:25, 26:24), со што ѝ се отвораат вратите за пласман во осминафиналето на својот прв настап на европските првенства.

Ова е втора победа за македонските одбојкари на првенството, откако стартуваа со порази од Финска, Турција и Русија, за потоа да ја совладаат Белорусија со 3:1 во сетови.

Македонија со ова ги заврши настапите во Ц-групата, па за пласман во следната рунда ќе мора да ги почека резултатите од преостанатите три средби, првенствено на Турција, која се среќава со Белорусија (вечерва) и Финска (утре).