Фотограф 30 години непрекинато ќе го снима небото над...
понеделник, 16 септември 2019
njuj1w.jpgКога пред 10 години се доселил во Њујорк, на Џозеф ДиЏована најважно му било да има добар поглед.

Тој денес има совршен поглед на Менхетн, од мостот „Џорџ Вашингтон“ до мостот „Верацано“ и го претвори тоа во својот животен проект: 30-годишно секојдневно фотографирање на небото над Њујорк. Веќе четири-пет години, камерата на ДиЏована прави по една фотографија на секои 30 секунди и досега ги има снимено повеќе од 4,2 милиона.

ДиЏована секој ден прави 2.880 фотографии, произведувајќи 36 гигабајти податоци. Камерата е поставена на полица и контролирана од микрокомпјутер. Кога ќе се сними, фотографијата преку кабел се пренесува на лаптоп кој содржи тајмлепс софтвер. Тврдите дискови толку брзо се полнат, што мора да се менуваат четири пати годишно.

„Најубавото од сѐ е што ова работи само. Направив полица од челик и ја поставив на врвот на прозорец“, вели ДиЏована, додавајќи дека во својот проект досега вложил 15.000 долари.

Откако го почнал проектот, небото над Њујорк драстично се изменило, бидејќи во меѓувреме биле довршени десетина нови облакодери.

ДиЏована посакува неговиот проект да заврши во музеј во 2045 година.

„Ако заврши, бидејќи отсекогаш сум сакал да оди засекогаш. 30 години е само почетна точка“, вели тој.