Седми роденден на списането "Лице в лице"
недела, 15 септември 2019

septemvri1q.jpgДенес беше одбележан седмиот  роденден на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, и промоција на 37-то издание.

Настанот се случи во паркот „Ибни Пајко“ во рамки на „Денот на граѓанските организации“, кој го организираше Цивика Мобилитас, при што граѓаните имаа можност да се запознаат со иницијативите на граѓанскиот сектор, како и да се вклучат во дел од нив. 
septemvri2q.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Продавачите на „Лице в лице“, заедно со модната дизајнерка, Ирина Тошева, и ентузијастот за готвење, Бранко Поповски, автор на „Готвење со Бранко“, на присутните граѓани им го понудија актуелното издание на списанието, чиј главен фокус се Глобалните цели за одржлив развој во делот на заштита на животната средина.