По 20 години Вевчани повторно ќе управува со...
петок, 13 септември 2019

vevcanski1q.jpgПо две децении Вевчанските извори и’  се вратени во владение на Општина Вевчани. Ова ремек дело на природата во 1999 година со одлука на тогашниот состав на Советот на Општината Вевчани беа прогласени за природна реткост со особена важност и споменик на природата, а од 2012 година со него управуваше државата.

Советот на Општина Вевчани го усвои Планот за управување со Вевчанските извори. На седницата присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, евроамбасадорот Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП во земјата Нарине Сахакјан.

„Во рамките на Општината ќе формираме посебно одделние со ренџерска служба, задолжена за грижа за оваа природна реткост. Ќе биде ангажиран и шумарски инженер кој ќе ја набљудува состојбата со биодиверзитетот, како и советник за еко и рурален туризам”, кажа градоначалникот Сашо Јанкоски.

Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар рече дека ваквите примери покажуваат како една мала заедница може да биде лидер и да демонстрира како се живее во хармонија со природата.