ВМРО-ДПМНЕ: За уврение за државјанство се оди во...
среда, 11 септември 2019
zgrada12q.jpgЗошто граѓаните на Охрид се препраќаат да извадат Уверение за државјанство на Република Македонија во други градови кога според живеалиштето тоа треба да го направат во СВР Охрид,прашаа преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-Граѓаните се изложени на дополнителен трошок да одат во Струга или Ресен наместо тоа да го направат на шалтерите во СВР Охрид.

Зошто МВР им ја ускратува јавната услуга на граѓаните кога таа е регулирана со Закон за државјанството на Република Македонија?

МВР ветуваше двосменско работење токму со цел  да се излезе во пресрет на граѓаните но гледаме дека тоа воопшто не функционира.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид апелира да не им се ускратуваат правата на граѓаните и како што можат да извршат фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање во Охрид така и непречено граѓаните да може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија,се наведува во соопштението