Раул Гонзалес го прослави Денот на независноста во...
вторник, 10 септември 2019
raul1qw.jpgРаул Гонсалес, шпанскиот тренер кој ги одведе ракометарите на Вардар до првата титула во Лигата на шампионите, беше гостин на приемот што македонската амбасада во Париз го организираше по повод 8 Септември – Денот на независноста. Гонсалес присуствуваше на приемот заедно со своето семејство.

Македонија е средината во којашто Гонсалес доживеа полна тренерска афирмација. Тој пристигна на клупата на Вардар во 2014 година како релативно непознато тренерско име за пошироката јавност, а само три години подоцна сензационално беше освоена европската титула на Фајнл фор турнирот во Келн.

Овој огромен успех му ја отвори вратата за трансфер на клупата на ПСЖ, најбогатиот ракометен клуб на светот. Гонсалес едно време беше и селектор на македонската репрезентација.

Последни измени ( вторник, 10 септември 2019 )