Трамп го отпушти Џон Болтон,советник за...
вторник, 10 септември 2019
bolton1q.jpgДоналд Трамп го отпушти советникот за национална безбедност Џон Болтон

„Синоќа го информирав Џон Болтон дека неговите услуги веќе не се потребни во Белата куќа. Силно не се согласував со голем број негови сугестии, исто како и други во мојата администрација“, изјави Трамп, додавајќи дека неговиот наследник ќе биде назначен наредната недела.

Отказот за Болтон уследи по извештаите дека во кабинетот на Трамп постои голема поделеност околу откажаниот план да се поканат претставници на Талибанците на мировни преговори во САД.

Болтон е третиот советник за национална безбедност кој доби отказ од Трамп, по Мајкл Флин и Ејч Ар Мекмастер. Тој се спротивставуваше на мировни преговори со Талибанците, што Трамп ги откажа викендов откако претходно покани претставници на групата во САД.