Охридските комуналци на патот до Свети Наум собраа...
вторник, 10 септември 2019
donaum1q.jpgЕкипи на ЈП „Охридски комуналец“ кои една недела го чистат магистралниот пат Охрид-Свети Наум, собраа околу 300 вреќи ѓубре, фрлено од несовесни возачи. На овој патен правец најголема фреквенција на возила има во текот на летната сезона, па мини депонии се создаваат долж патот.

„Иако овој магистрален пат и расчистувањето не е во наша надлежност, ние сепак решивме да го отстраниме ѓубрето кое го оставаат несовесните граѓани. Ваква акција денес имаме и на магистралата што води кон Кичево, но само до селото Подмоље“, вели Стефчо Маслов од „Охридски комуналец“.

Според податоците на СВР Охрид по магистралниот пат Охрид-Свети Наум и Охрид-Кичево-Скопје летово дневно поминуваа по неколку илјади возила.