Божиноски: На локалната не и' e грижа за...
вторник, 10 септември 2019
pe1q.jpg-Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески ниту работи посветено, ниту одговорно за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата во градинките,кажа на почетокот од денешната прес, конференција Перчо Божиноски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-До каде е изградбата на нова градинка на просторот кај постоечкиот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ - Централна градинка?

Ниту се зголеми капацитетот на градинката, ниту се реши проблемот со преголемиот број деца во групите и долгите листи на чекање за упис.

Георгиески и директорката да одговорат до каде е реконструкцијата на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица“?

Ништо не е направено за подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката.

Кога директорката планира да го реши проблемот со недостиг на стручен кадар?

Кажете барем едно реконструирано детско игралиште во дворовите на сите објекти од градинката или пак на постоечките детски игралишта во населбите?

Доколку СДСМ и Георгиески навистина се грижеа за децата немаше да скратат 16.300.000 денари за капитални инвестиции и да остават средства само за санација, која впрочем ја нема,  наместо надградба на објектот Централна.

Со СДСМ и Георгиески нема доградба на постоечките детски градинки и нови фасади на детските градинки.

СДСМ и Георгиески не водат грижа за најмладата категорија на граѓани,рече Божиноски.

 

Последни измени ( вторник, 10 септември 2019 )