Џонсон не доби поддршка за нови избори во Британија
вторник, 10 септември 2019
tisina1q.jpgПетнеделната суспензија на британскиот парламент и официјално почна денеска, откако пратениците го спречија и вториот обид на премиерот Борис Џонсон да свика предвремени избори. Парламентот ќе биде затворен до 14 октомври и дел од пратениците гласно протестираа против одлуката, нарекувајќи ја срамна.

Џонсон не успеа да добие двотретинска поддршка за нови избори, бидејќи опозицијата сметаше дека прво треба да се донесе закон со кој ќе се блокира брегзит без договор. Тие дури му се заканија со тужба на Џонсон ако се обиде да го избегне овој закон.

Велика Британија треба да излезе од Европската Унија на 31 октомври и Џонсон е дециден дека ново одложување не доаѓа предвид. Сепак, новиот закон кој стапи на сила вчера го принудува Џонсон да побара одложување до 31 јануари 2020 година ако пратениците не го изгласаат брегзит со или без договор на 19 октомври.

Џонсон вели дека владата ќе ја искористи суспензијата на парламентот за да се избори за нов договор со ЕУ, во исто време подготвувајќи се за излегување без договор.

„Оваа влада нема дополнително да го одложува брегзит“, кажа Џонсон