На струшкоот брег лежат бротчиња стари 132 години
понеделник, 09 септември 2019
retkis1q.jpgНа дното од Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, лежат неколку бротчиња стари 132 години. Охридските нуркачи од подводниот центар „Акватек“ снимија подводни фотографии од овие пловила за кои никој не е заинтересиран да ги реконструира и да ги претстави пред јавноста,пишува  најчитаниот македонски сајт  Сакам да каќам

Овие бротчиња, според археологот и нуркач Никола Паскали, се произведени во 1887.

Првите остатоци на потонати бротчиња на дното на струшкиот брег беа откриени уште пред повеќе од една деценија. Тогаш археолозите кажаа дека станува збор за германски бротчиња кои превезувале жито и други земјоделски производи од Струга кон Албанија.

На некои од нив беа втиснати и имиња, како и името на компанијата кај која биле осигурани. Како потонале, нема податоци.