Индија не успеа да слета на Месечината
сабота, 07 септември 2019
indija1q.jpgИндиската мисија на Месечината доживеа неуспех откако контактот со леталото Чандранајан-2 бил изгубен непосредно пред неговиот модул Викрам да слета на јужниот пол.

Индија се обидуваше да стане четврта земја, по САД, Советски Сојуз и Кина, која се спуштила на површината на Месечината и тоа сакаше да го изведе со најевтината мисија во историјата, во која биле вложени 150 милиони долари.

Судбината на леталото не е позната, но индискиот премиер Нарендра Мори кажа дека не се откажуваат.

„Најдоброто од нашата вселенска програма допрва доаѓа. Индија е со тебе. Горд сум на ова што го направивме“, кажа Мори.

Чандранајан-2 нормално ѝ се доближуваше на Месечината, кога се случи грешка на 2,1 километар до површината, кажаа официјални лица. Индиската вселенска агенција го изгубила контактот само неколку секунди пред очекуваното слетување.

Леталото беше лансирано на 22 јули и по еден месец влезе во Месечевата орбита.

Ова беше втора индиска мисија кон Месечината, но Чандранајан-1 само ја снимаше површината во 2008 година.