Ревијален ватерполо турнир на пристаниште
петок, 06 септември 2019
vaterpol1qq.jpgВо чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија, утре (сабота 07.09.2019 година) на Градското пристаниште во Охрид, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи ревијалниот ватерполо турнир ОХРИД 2019, и од 11:00 часот во недела.

Со тоа се продолжува иницијативата од минатата година, која има цел да се развие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.

Пријавени се учесници од Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како и од ветераните од „Охридски бранови“, Штип, Струга и „Вардар“.