Почина бившиоит претседател на Зимбабве Мугабе
петок, 06 септември 2019
mugabe1q.jpgДолгогодишниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе почина на 95 години, две години откако беше симнат од власта со државен удар. Тој починал по долго боледување и од април се лекуваше во Сингапур.

Мугабе победи на првите избори откако Зимбабве се здоби со независност, станувајќи премиер во 1980 година, а седум години подоцна ја укина оваа функција и стана претседател. Во првите години на власт, тој го отвори здравството и образованието за црното мнозинство во земјата, но неговата контроверзна реформа на земјиштето доведе до економски колапс и последните години од неговото владеење беа обележани со тиранија, корупција и злоупотреби.

Тој беше затворен во 1964 година на повеќе од една деценија и уште додека беше во затвор беше избран за претседател на Африканската национална унија на Зимбабве, воена организација која се бореше против белото малцинство во тогашната Родезија, која во 1980 година беше преименувана во Зимбабве.

Мугабе беше соборен од власта во ноември 2017, откако го смени својот долгогодишен сојузник, потпретседателот Мнангагва.