Ја паркирал колата в кујна за да не му ја земе...
четврток, 05 септември 2019
kujna1qqd.jpgАмериканецот Патрик Елдриџ од Џексонвил го паркираше својот автомобил во кујната за да го заштити од ураганот Доријан, бидејќи не сакал да му биде оддуван, но и за да докаже дека може да го паркира автомобилот таму.

Неговата сопруга Џесика вели дека колата била паркирана во гаража и за да се спаси од чистење на гаражата, Патрик предложил да ја препаркира во кујната.

„Јас му реков дека нема шанси да го направи тоа. Тој рече дека може. Ја отвори двојната врата и успеа да ја внесе. Не ми се веруваше дека ја собра. Ја внесе без проблем“, кажа Џесика.

kujna1qq.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

Ураганот Доријан помина покрај брегот на Флорида денеска и за малку го одмина Џексонвил, по што се упати кон Џорџија, Јужна и Северна Каролина. Ураганот остави пустош на Бахами, каде што спасувачките екипи само што почнаа да прават целосна проценка на штетите.