Димитров го елиминира Федерер од УС Опен
среда, 04 септември 2019
dimiop1q.jpgГригор Димитров го елиминираше петкратниот шампион Роже Федерер во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД, откако во трилер-меч го совлада со 3:6, 6:4, 3:6, 6:4, 6:2.

Ова е голем камбек во кариерата на бугарскиот тенисер, кој своевремено го следеше прекарот Бејби Фед, но по слаби две сезони, во Њујорк дојде како 78. играч на светската ранг-листа. Ова, исто така, е негова прва победа во осумте дуели со Федерер, кој побара лекарски третман за грбот во финишот на мечот.

„Цело време чувствував болка, но бев способен за игра. Разочаран сум, зашто мислам дека играв добро. Пропуштив голема шанса“, изјави Федерер, кој и лани испадна од играч кој не е меѓу првите 50.

Ова го остава Рафаел Надал како голем фаворит за 19. гренд слем титула, но прво денеска треба да го помине Аргентинецот Шварцман во четвртфиналето. Димитров, пак, во полуфиналето се среќава со петтиот носител Данил Медведев, што значи дека во финалето ќе има барем еден играч кој никогаш не освоил гренд слем титула.