Со ребалансот на Буџетот повеќе пари за плати
вторник, 03 септември 2019
plati1ww.jpgСо ребалансот на Буџетот што денеска го усвои Владата, предвидени се повеќе средства за активни мерки за вработување, за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите, субвенциите во земјоделството, за обнова на колекторскиот систем на Охридското Езеро, зголемен е буџетот за лекови за ретки болести и инсулин, за проектот мој ДДВ,  соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Зоран заев и министерката за финансии Нина Ангеловска. Заев рече дека ребаланост на Буџетот има за цел да се алоцираат средства од оние ставки кои не се искористени, во ставки кои ќе обезбедат развој на економијата,пишува најчитатниот македонски сајт Сакам да кажам

„Ја ревидираме стапката на економски раст од 3,2 проценти на 3,5 проценти. Вкупните приходи за 2019 година се планирани на 210,5 милијарди денари, а расходите на 228,3 милијарди денари. Дефицитот останува непроменет, на 17,7 милијарди денари или 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Со ребаланост предвидени се 200 милиони денари во активни мерки за вработување, особено за младите и за самовработување. 400 милиони денари предвидени се за субвенцинирањето на придонесите на платите од претпријатија да растат до сто евра. Предвидени се 183 милиони денари за колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, што е една и од препораките според УНЕСКО. Алоцираме 815 милиони денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), средства кои се исплаќаат кон вторите пензиски друштва, што веќе го почнавме. Предвиден е раст на субвенциите во земјоделството таму каде што е потребно“, рече Заев.

Тој кажа дека од овој месец стапува на сила зголемувањето на платите од пет отсто за јавната администрација, во здравството, одбраната, културата, градинките, одбраната.

Министерката за финанси Ангеловска рече дека Буџетот е во одлична кондиција и дека со ребаланост, кој почнал да се работи пред нејзиното назначување, се кратат средства од капиталните инвестиции, кои биле со слаба реализација и пред сè финансирани од кредити, а се алоцираат средства за поддршка на вработувањата, општините, како и за 193 милиони денари се зголемува буџетот за набавка на лекови за ретки болести и инсулин.

Премиерот рече дека со ребаланост се намалуваат средства за проекти за водснабдување за кои општините можеле да аплицираат, но не доставиле проекти, потоа од проектот за железницата, од проекти за руралниот развој, од Министерството за образование.

Одговарајќи на новинарско прашање каков ефект ќе има проектот за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите и дали со тоа се праќа порака дека ќе бидат наградени оние што и досега дел од платата ја давале во плико, Заев рече дека бизнисмените и досега сосем легално дел од платата на работниците ја исплаќале преку трансакциска сметка, а дел од приходот за кој плаќале персонален данок и данок на добивка ја делеле на работниците и дека со оваа мерка сакаат да ги поттикнат и овие средства да ги поделат како плата, а на нив да платат само персонален данок.

„За сите што ќе им зголемат плата на вработените до сто евра ќе ги супституираме придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Оваа мерка ќе има дупли ефект, повеќе пари ќе останат кај работниците, и така се бориме со сивата економија. За да нема злоуопотреби, односно некој што и досега не плаќал давачки ова да го искористи само за да извлече пари од Буџетот, ставивме лимит од сто евра, а ова е разговарано и со бизнис заедницата“, рече Заев.