Во чест на кој глумец ќе се одржи олимпијада во риболов
вторник, 03 септември 2019

vanco1qs.jpgЗдружение на рекреативни риболовци Рибарски Приказни од Скопје за првпат во Република Македонија организира мини Олимпијада во риболов ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ 2019”.

Мини олимпијадата се организра во чест  на страствениот риболовец и доаејен на македонското глумиште  Ванчо Петрушевски. 

Мини олимпијада во риболов  ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ 2019  ќе се одржи од 6 до 8 септември 2019 година  на акумулација Козјак на патека во месноста Здуње.

На олимпијадата ќе бидат застапени пет спортски риболовни дисциплини: крап;пливка;мушица;спин и натпревар во подготвување на рибна чорба.  Овој настан е отворени за јавноста и секој може бесплатно да го посети.

На олимпијадата ќе земат учество 150 натпреварувачи од Република Македонијашто е најмасовен настан од областа на риболовот воопшто организиран до сега.

 

Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб РИБАРСКИ ПРИКАЗНИ Скопје  има за цел промовирање, унапредување и развој на  рекреативниот ,спортскиот риболов и лов.  Во рамките на овие заложби ја организира Мини олимпијада во риболов  ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ 2019,

Мини олимпијадата ќе биде традиционална и со нејзино организирање секоја година нема да дозволиме да се заборави ликот и делото на еден од најпознатите и талентирани македонски актери и страствен риболовец Ванчо Петрушевски.