Најмалку петмина убиени во Тексас,САД
недела, 01 септември 2019
imidlend1q.jpgНајмалку пет луѓе се убиени во второто масовно пукање во Тексас во август.

Маж во 30-ти години прво застрелал полицаец кој го запрел неговото возило на автопатот Мидленд-Одеса, по што, откако украл поштенски камион, продолжил да пука на неколку други локации. Напаѓачот бил убиен од полицијата пред еден кинокомплекс. Засега не се познати негови мотиви.

Околу 20 луѓе се повредени во инцидентот, вклучувајќи и тројца полицајци. Седум од повредените се во сериозна состојба.

„Тој пукаше во недолжни цивили по цела Одеса. Има најмалку 21 повреден“, изјави шефот на локалната полиција, Мајкл Герк.

Ова пукање уследи само четири недели откако вооружен напаѓач уби 22 луѓе во трговски центар на „Волмарт“ во Ел Пасо.