Аксел Рејмонд победи на охридскиот пливачки маратон
сабота, 24 август 2019
pendaro1w.jpgВо конкуренција на 22 пливачи, Аксел Рејмонд го освои првото место на меѓународниот пливачки маратон во Охрид, кој е четвртата трка од Ултра Гран при серијата на ФИНА.
Тој патеката „Климе Савин“ долга 25 километри, ја исплива во време 5 часа 20 минути и 55 секунди  . 
 
До својот втор триумф на Охридскиот маратон (првиот пред шест години) Французинот стигна со само 7.секунди побрзо од нашиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој пак сега е лидер во генералниот пласман од светската серија. 
 

Во  женска конкуренција на осум пливачки најдобра беше Аличе Франко од Италија
 
И годинашното издание на маратонот во Охрид беше под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, а наградениот фонд изнесуваше  15.000 долари.