Нотарската комора на РСМ потпиша важен договор со...
петок, 23 август 2019

dogg1q.jpgДенес,23 август 2019 година во Берлин, Германија е склучен Договор за меѓународна соработка помеѓу Нотарската Комора на Република Северна Македонија претставувана од претседателот г-дин Васил Кузманоски и Федералната Комора на Нотарите на Република Германија и претставувана од правниот советник г-дин Ричард Бок, главен претставник на Федералната Комора на Германските Нотари за меѓународни прашања.

Нотарската Комора на Република Северна Македонија и Федералната Комора на Нотарите на Република Германија веќе со години соработуваат за унапредување на квалитетот во полето на превентивната правда во Северна Македонија и во целиот регион, преку одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања, професионалните тренинзи, половата еднаквост и предизвиците на дигитализацијата во нотаријатот преку проектите организирани од страна на Германската агенција за развој - GIZ и Германска фондација за Меѓународна правна соработка – IRZ.

 

Целта на потпишувањето на овој договор за соработка е поставување на основа за идни размени меѓу двете институции со обврзување за споделување информации организирање заеднички проекти, особено оние кои се однесуваат на професионалниот тренинг, правните случувања и дигитализацијата. dogg2q.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Договорот беше потпишан во просториите на Федералната Комора на Нотарите на Република Германија а на чинот на потпишување покрај делегацијата од Нотарската комора на Република Северна Македонија составена од претседателот г-дин Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, г-ѓа Анита Адамческа, присуство на овој значаен чин имаше и претставник од Министерството за правда на Република Северна Македонија, државниот советник г-ѓа Љубица Караманди Попчевски, амбасадорот на Република Северна Македонија во Берлин г-дин Рамадан Назифи и г-дин Драган Петковски – министер советник во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, како и г-дин Ловро Томашиќ- претставник за меѓународни односи и г-ѓа Надја Данингер – Кандидат за нотар во Германија