Холандија ќе гради згради со фасади од зеленило
петок, 16 август 2019
Холандското архитектонско студио МВРДВ ги објави дизајните за блок станбени згради во град во Холандија, со зелена фасада формирана од полици со растенија.holand1wwd.jpg

На врвот на зградите ќе има покрив со растенија, но целата фасада на секоја зграда ќе биде покриена со полици со зеленило. Растенија во саксии, грмушки и дрвја во различни димензии ќе бидат поставени на полиците.

„Растенијата и дрвјата можат да помогнат во намалување на загадувањето, да ги оладат нашите градови и да се промовира биодиверзитетот“, вели Вини Мас, основач на МВРДВ.