Нуркачот Паскали го комплетира апартманот со отпад...
среда, 14 август 2019
otpadp1q.jpgАпартманот со отпад ми е скоро комплетиран, вели познатиот охридски нуркач Никола Паскали кој деновиве кај Трпејца на езерското дно на Охридското езеро најде стар бојлер.

„Бојлерот го откривме кај селото Трпејца, во месноста На Дол, на длабочина од 5 метри и на околу 10 метри од брегот“, вели Паскали.

Неодамна Паскали на езерското дно најде стара када, потоа градежен шут и други куќни елементи кои несовесни лица ги фрлаат во Езерото.