Авионите "ер трактор" го спасија Велмеј од пожарот
вторник, 13 август 2019

ertraktor1q.jpgДенес е локализиран пожарот што пред три дена избувна над селото Велмеј,Општина Дебарца кај Охрид.Огнената стихија беснеела на околу 70 хетари главно нискостеблеста шума.

Клучна улога во гаснењето на пожарот кој се појавил на непристапен терен кај рудникот за травертин одиграле два авиони ер трактор  на Дирекцијата за заштита и спасување.Во неколку налети вчера од 14 до 17 часот тие  истуриле повеќе тони вода  врз разбеснатиот оган и ги спасиле жители на селото Велмеј.

 

Јас сега се наоѓам на самиот срт над Велмеј каде што беснееше пожарот.Има само сосема мала површина од која избива само чад.Ангажирани се припадници на Македонски шуми и жители од Велмеј.Огнената стихија е совладана.Изразувам голема благодраност до пилотите на двата  ер трактор авиони  кои истурија вода на местата каде што немаа пристап ниту пожарникарите,ниту луѓето од Македонски шуми.Тие  со неколку налети  ја совладаа огнената стихија.Селото Велмеј не беше загрозено,ни изјави градоначалникот на Дебарца Зоран Ногачески.

 

Пажарот  пред три дена избувна на сртот на планината  во близината на селото Велмеј   до кој не можеа да пристигнат возилата на противпожарната единица од Охрид,но и другите лица обичени за гаснење на пожари.Поради тоа пожарот толку време беснеше.Но по употребата на два авиони тој беше локализира.