Бродвеј ќе постави мјузикл за принцезата Дијана
вторник, 13 август 2019
brodvej1q.jpgМјузикл за животот на принцезата Дијана ќе се постави на Бродвеј следната година. Насловена „Дијана“ претставата се најавува дека „ќе ја раскаже приказната на жената која го размрда кралското семејство и која одбра да биде бестрашна, а потоа стана легендарна“.

Музиката е на клавијатуристот на Џон Бон Џови, Дејвид Брајан, кој има добиено две Тони награди за неговиот мјзикл „Мемфис“ во 2010.

Насловната улога ќе ја глуми Џијана де Вал, која изјави: „Таа правеше сите да се чувствуваат посебно, од најславната личност до обичниот граѓанин. Ние сакаме да ја славиме неа“.

„Холивуд рипортер“ смета дека мјузиклот „ги има сите потребни парчиња за да стане хит“.
Премиерата е најавена за на 31 март, а засега не е најавено дали ќе гостува во Велика Британија.