Каиро ќе гради згради со вертикални шуми
вторник, 13 август 2019
shumi1q.jpgИталијанскиот архитект Стефано Боери дизајнираше три згради со апартмани како вертикални шуми во новиот административен дел кој се гради источно од Каиро. Ваквите кули станаа специјалност на Боери, кој има проектирано и за Тирана, Милано, Утрехт и Нанџинг.

Боери соработувал со египетската дизајнерка Шима Шалаш и италијанската колешка за пејзажи Лаура Гати за трите згради кои имаат по седум спратови. Новиот дел се гради на барање на претседателот Абдел Фатах Ел Сиси, и се планира таму да се преселат главните државни институции и странски амбасади.

Изградабата на зградите се планира да почне во 2020, а да бидат готови до 2022 (Фото: Дезин)

Секоја зграда во облик на цевка ќе биде 30 метри висока и 30 метри широка. На зградите ќе има 350 дрвја и 14.000 грмушки од 100 вида.

Секој апартман ќе има свој балкон со растенија соодвеени на локалната клима, кои ќе бидат засадени за да изгледаат интересно во текот на целата година. Растенијата ќе обезбедуваат природна сенка и ќе влијаат на подобрување на квалитетот на воздухот. Архитектите претпоставуваат дека секое растение ќе апсробира по седум тони јагледор диоксид и ќе произведува по осум тони кислород на годишно ниво.

Изградабата на зградите се планира да почне во 2020, а да бидат готови до 2022.