Италијански квартет гитари на Охридско лето
вторник, 13 август 2019
gitari1q.jpgКвартетот гитари „Апеирон“ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт на Охридско лето, во црквата „Св. Софија“.

Ќе настапат гитаристите Микеле Амбрози, Влатко Боцевски, Вјекослав Црнобори и Рафаеле Пизано.

„Присутен на светските музички сцени повеќе од 15 години, гитарскиот квартет ‘Апеирон’ ја изведува својата концертна активност со цел да го открие и сподели оригиналниот репертоар за четири гитари, притоа инспирирајќи ги и мотивирајќи ги композиторите да пишуваат за овој ансамбл“, велат од Охридско лето.

Квартетот има настапено во Италија, Чешка, Романија, Хрватска, Словенија и Замбија. Во 2006 го издадоа својот прв албум „Апеирон“ со музика составена од Јорк, Дуарте, Броувер, Лорен, Милетиќ, Рак и Белинати.