Концерт за саксафони вечерва на Охридско лето
понеделник, 12 август 2019
saks1q.jpgКвартетот саксофони „Бенсман“ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Св.Софија“ на 59. Охридско лето.

Ќе настапат Детлеф Бенсман – сопран саксофон, Тианхонг Ву – алт саксофон, Лиу Паи – тенор саксофон и Нинослав Димов – баритон саксофон.

Квартетот „Бенсман“ се појави во 2006,а до денес имаат настапувано на концерти и фестивали низ Германија, како и на на три концертни турнеи во САД и во Кина.