Нуркање во Езеро со посета на колонија на ракови
недела, 11 август 2019
kolonija1ww.jpgПосетата на подводна колонија слатководни ракови во Охридското Езеро стана нова туристичка атракција во Охрид, што ја овозможија нуркачите од Центарот за подводни активности „Акватек“. Колонијата се наоѓа на длабочина од 9 до 14 метри,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Нуркачот Никола Паскали појаснува дека туристите предходно имаат пробно нуркање,а потоа заедно со искусни нуркачи нурнуваат во езерските длабочини.

Колонијата на слатководни ракови е откриена кај Лагадин на таканаречената веѓа,која е граница меѓу плитките и длабоките води. Ова го знаеле со генерации охридски рибари. Слатководниот рак пред повеќе децении го имаше речиси под секој камен потоа мистериозно исчезна, за повторно да се појави пред неколку години.