Нема бесплатно паркирање на Hug & Fly зоната на...
вторник, 06 август 2019

flyzona1q.jpgБи сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети.

Ве замолуваме како меродавно да го сметате времето на влез отпечатено на билетот за паркирање, и согласно тоа, да го планирате вашиот престој во било која од зоните за паркирање на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Следејќи ги светските трендови во авијацијата и аеродромското управување, Hug&Fly зоната ја воведовме пред две години, со цел да го намалиме метежот кој се создава од многуте возила паркирани пред терминалната зграда, и воедно да го олесниме движењето на нашите патници непосредно пред нивнитeлетови.

За повеќе информации во врска со паркингот на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме посетете ја нашата веб-страница, на следниот линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375

 

Ви посакуваме пријатни патувања,

ТАВ Македонија