Меси суспендиран откако изјави дека...
недела, 04 август 2019
mesi391q.jpgЛео Меси доби тримесечна суспензија од меѓународниот фудбал за изјавите дека Копа Америка е корумпирана

Капитенот на Аргентина доби црвен картон на мечот за третото место со Чиле и подоцна кажа дека целото првенство било наместено за да го освои Бразил. Тој, исто така, доби парична казна од 50.000 долари.

„Не мора да бидеме дел од оваа корупција. Тие покажаа недостиг на почит кон нас во текот на целото првенство. Корупцијата и судиите не им дозволуваат на луѓето да уживаат во фудбалот“, кажа тогаш Меси.

Поради суспензијата, која се однесува само на репрезентацијата, Меси ќе ги пропушти наредните пријателски натпревари со Чиле, Мексико и Германија. Квалификациите за Светското првенство 2022 почнуваат дури во март.

По поразот на Аргентина од домаќинот Бразил во полуфиналето на Копа Америка, Меси се пожали на „сериозни и ужасни судиски грешки“. Од Фудбалската федерација на Јужна Америка му одговорија дека неговите тврдења се неосновани.