Ровер на НАСА ипрати фотки од Марс кои докажуваат
четврток, 01 август 2019
rover1ww_.jpgРоверот „Кјуриосити“ испрати фотографии од дното на древно езеро на Марс, за кое научниците велат дека е совршено место да се побараат докази дека постојат услови за живот на „црвената планета“.

Марс моментално изгледа како правлива, сува, мртва и здодевна планета, но научниците велат дека тој милијарди години бил влажен и топол, со атмосфера, што било доволно време таму да се појави и развие живот. Но, засега нема докази дека тоа и се случило.

Задача да пронајде вакви докази има „Кјуриосити“, кој стигна до кратерот Гејл, инаку исушено езеро.

„Гејл се чини бил езеро, во коешто водата се одржала милион години. Но, целиот систем, кој вклучува и подземни води, опстанал многу подолго, можеби милијарда и повеќе години. Се чини дека водата течела низ карпи и во периодот кога на планетата веќе не се формирале езера“, вели професорот по геонауки Кристофер Хаус, кој секојдневно е вклучен во активностите на мисијата.