Војвотката од Сасекс стана уредним на "Вог" и одбра...
вторник, 30 јули 2019
urenik1q.jpg„Вог“ објави дека војвотката од Сасекс е гостин-уредник на септемврискиот број на неговото британско издание.

Сопругата на принцот Хари била поканета да работи на подготвувањето на списанието од главниот уредник Едвард Енинфул, кој изјави дека таа ја одбила можноста да се појави на насловната страница, бидејќи сметала оти ќе биде многу „фалбаџиско“.

Меган, која е поранешна актерка, на насловната страница стави 15 жени, кои, како што соопшти Бакингамската палата, се „жени кои прават значајни промени, обединети од нивната бестрашност во кршењето бариери“.

Насловната страна на „Вог“ осмислена од Меган Маркл

Во согласност со темата „Сили за промена“, војвотката собра жени како холивудската дива Џејн Фонда, активистката против климатски промени Грета Тунберг, премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн и манекенката Кристи Тарлингтон-Брнс.

„Изминативе седум месеци поминав низ исклучителни процес и соработка со Едвард Енинфул да го подготвиме најчитаното модно издание и да ставиме фокус на вредностите и причините поради кои луѓето влијаат на светот денес“, изјави Меган.

Септемвриското издание на „Вог“ важи за најзначајно во текот на целата година, затоа што има најмногу реклами и често става големи ѕвезди на насловната страница. Изданието од 2012 со Леди Гага на насловната имаше 916 страници и тежеше 2,5 килограми.