Етиопија во еден ден ќе посади 200 милиони дрвја
понеделник, 29 јули 2019
sadie1q.jpgЕтиопија планира да посади 200 милиони дрвја во еден ден, со што се надева дека ќе постави нов светски рекорд.

Премиерот Абиј Ахмед го води проектот што треба да ги намали ефектите на сечењето шуми и на климатските промени во земјата која е подложна на суши. Според Обединети нации, само 4% од територијата на Етиопија се покриени со шуми, додека во почетокот на 20. век биле 35%.

Крајната цел на иницијативата „Зелено наследство“, што ја покрена Ахмед, е да се посадат четири милијарди дрвја. Акцијата ќе се одвива на повеќе од 1.000 локации низ земјата.

Актуелниот светски рекорд го држи Индија, кадешто 800.000 волонтери во 2016 година посадија повеќе од 50 милиони дрвја во еден ден.