Кабини за дремка на аеродромот во Вашинготн
сабота, 27 јули 2019
dremka1q.jpgАеродромот во Вашингтон постави интимни кабини за спиење, дизајнирани од „Слипбокс“. Станува збор за модел креиран од руските дизајнери кои работат во САД, Михаил Кимјов и Алексеј Горијанов и тие првпат беа инсталирани на московскиот аеродром „Шереметјево“ во 2011.

„Слипбокс“ направи 16 соби за дремка, кои можат да се изнајмат на најмалку еден час, со цел патниците да се одморат во приватен простор.

 

На простор од 111 квадратни метри има два реда кабини за спиење. Тие се изработени од иверица, а килимите од рециклиран најлон. Содржат блутут звучници, како и можност за регулација на температурата и осветлувањето. Имаат вградени кревет и биро, кое може да се подигнува и спушта.