Нестороски потпиша за Удинезе откако банкроитира Пале
петок, 26 јули 2019
nestoroski1q.jpgМалата македонска колонија во Серија А стана побогата за Илија Несторовски, кој денеска потпиша тригодишен договор со Удинезе.

Дваесет и деветгодишниот репрезентативен напаѓач стана слободен играч откако неговиот досегашен клуб Палермо банкротираше. Несторовски постигна 39 гола за три сезони во Палермо, останувајќи му верен на клубот и откако испадна во втората лига.

„Несторовски е веќе докажан играч во Италија. Тој го избра нашиот клуб, иако имаше и неколку други, поголеми понуди и ние сме му благодарни за тоа“, изјави техничкиот директор на Удинезе, Пјерпаоло Марино.

Несторовски пред три години дојде во Италија од хрватски Интер и одигра 99 средби за Палермо, кој неодамна беше исфрлен од Серија Б. Предводен од бившиот хрватски репрезентативец Игор Тудор, Удинезе ја заврши минатата сезона во Серија А на 12. место.