Медуза голема колку човек снимена крај брегот...
понеделник, 22 јули 2019
meduza1q.jpgОгромна медуза голема колку човечко тело е снимена покрај брегот на Корнвол, Велика Британија.

Долга околу 1,5 метри и широка половина метар, медузата е снимена од подводниот фотограф Ден Абот во близина на Фалмут.

„Никогаш не сум видела олку голема медуза. Во прв момент не ни се веруваше што гледаме, бидејќи беше долга метар и половина. Таа беше како нежен џин и тоа беша така смирувачко искуство“, изјави биологот Лизи Дејл, која го придружуваше Абот.

Илјадници медузи секоја година доаѓаат од Атлантскиот Океан во потоплите британски крајбрежни води, но Дејл вели дека нивната големина е најчесто околу еден метар сосе пипалата.