Во Струга изгореа 33 едрилици,60 годишна документација
недела, 21 јули 2019
golem1wee.jpgГолем пожар избувна денес во Струга во бараките каде што е сместен едриличарскиот клуб,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Според првичните информации, изгорени се 33 пловни објeкти, 4 мотори и 60 години документација. Дел е спасен со брза интервенција на противпожарна единица.

Интервенирале две противпожарни возила со 13 пожарникари, кои го локализирале пожарот. Предизвикана е голема материјална штета и среќа е што нема повредени граѓани и едриличари.

golem1we.jpg