Во Охрид претставени уникатни фотки од германски...
среда, 10 јули 2019

hejlser1w.jpgВо куќата на Уранија синоќа беа претставени уникатни фотографии од минатиот век од познатиот германски фотограф Курт Хејлшер.

.По тој повод своја реч имаше  академик Катица Ќулафкова.

 “Станува збор за едно специфично патешествие од времето на 1910 - тите, 1920 - тите и 1930 – тите години, во тогашното кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Хејлишер бил во посета на на подрачја од Босна до Македонија.Направил 1200 фотографи од кои самиот Хејлешер избрал 191 фотографија и објаснил дека сака да го покаже атрактивниот различен карактер на земјите, архитектурата и начинот на живот на тогашните Југословени.Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документгарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат самите изрази на лицата, но и на носиите и амбиентот”,кажа академик Ќулафкова.

 

Хејлшер е автор е нанеколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографииза Италија, Шпанија, Германија.