Фејсбук има проблеми со Инстаграм,Месинџер и Вотсап
среда, 03 јули 2019
fejs1q.jpgФејсбук има проблеми со прикажување на фотографии, видеа и други податоци на своите апликации денеска и многу корисници не можат да гледаат фотографии на Фејсбук, да гледаат сторија на Инстаграм и да праќаат пораки на Вотсап. Фејсбук вели дека е свесен за проблемите и дека работи да ги врати работите во нормала што е можно побрзо. Проблемите почнаа околу 14 часот и изгледа дека се ситуацијата се подобрува, а проблемите не ги зафатија сите фотографии и видеа на Фејсбук и Инстаграм. Дел од корисниците, исто така, имаат проблеми со испраќањето пораки на Фејсбук месинџер.