Почина Драги Поп Стефанија,публицист,новинар
вторник, 18 јуни 2019
dragi1ww.jpgВо 86-та година од животот, синоќа во Охрид почина Драги Поп Стефанија истакнат лингвист, македонист, фолклорист, новинар и публицист.

 

Во Македонската енциклопедија, за ДрагиПоп  Стефанија е запишано следново: СТЕФАНИЈА, Драги (Охрид, 10. Ⅺ 1933) лингвист и фолклорист. Основно и средно училиште завршил во родниот град, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1958), завршил прв степен на Правниот факултет (1960) и докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1980). Работел како дописник на Радио Скопје (од 1965), лектор по македонски јазик (1967) и професор по македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Љубљана (1990). Предавал македонска литература на Филозофскиот факултет во Загреб и на Педагошката академија во Марибор и предава балканска славистика на Техничко-хуманистичката академија во Бјелско Бјала. Член е на Хелсиншкиот комитет на Словенија и почесен член на ДПМ (2007). Автор е на дваесетина книги, збирки македонско народно творештво и стотина статии. Над 30 години живееше  во Љубљана.