Меѓународни инструктори ќе ги обучуваат спасителите...
вторник, 18 јуни 2019
ohrid3w.jpgОхридските спасители на вода летово за првпат ќе бидат обучувани од инструктори со меѓународна лиценца. Еден од нив доаѓа од Бугарија и има големо искуство во обуката на спасители во познатото летувалиште Бургас, а другиот е нашинец со меѓународна лиценца.

„Во рамките на подготовките за претстојната летна сезона, Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води, која ќе се реализира од 3 до 10 јули. Таа ќе се изведува на Охридското Езеро и содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода, според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода”, вели Сашо Точко, првиот човек на Црвен крст Охрид.

За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и ќе се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман на капалиштата на Охридското Езеро. Во исто време, на концесионерите на плажи им се истечени концесиите и не се знае како ќе работат.