Околу пристаништето за паркинг ќе се наплаќаат 100...
вторник, 11 јуни 2019
zaavtobusi2q.jpgСо одлука на Советот на Општината, Охрид доби премиум зона, во која паркирањето ќе чини 100 денари за еден час. Локалната власт со ова сака да го намали сообраќајниот метеж во строгиот центар, особено во летниот период. Новиот ценовник ќе се применува од идниот понеделник,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

„Премиум зоната го опфаќа строгиот центар на градот. Тоа е делот од кај Поштата, па до кружниот тек кај градското пристаниште. Цената за еден час паркинг ќе изнесува 100 денари. На овој начин сметаме дека ќе се растовари сообраќајот во овој дел и ќе има повеќе места за паркирање на странските, но и за домашните гости кои не го познаваат градот”, вели директорката на ЈП „Билјанини Извори”, Гордана Јованоска.

Охрид од денеска ослободи простор каде што автобусите ќе можат само да ги качуваат и симнуваат патниците. За таа цел ќе служи паркинг просторот пред универзитетот „Свети Апостол Павле”. Туристичките автобуси тука нема да можат да се паркираат, туку само зад спортската сала „Билјанини Извори”. Цената на паркингот за автобусите ќе изнесува 300 денари за 12 часови, односно 600 денари за 12-24 часови.

Последни измени ( вторник, 11 јуни 2019 )