Перо Антиќ е нов претседателот на МКФ
среда, 15 мај 2019
pero1qq.jpgПеро Антиќ едногласно беше избран за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Единствениот македонски кошаркар со НБА-кариера немаше противкандидат на денешното изборно Собрание на МКФ, откако досегашниот претседател Петар Наумоски одлучи да се повлече без борба. Наумоски ја водеше Федерацијата од 2015 година и во меѓувреме спречи неколку обиди да биде сменет, последно од уште едно легендарно име, Владо Илиевски.

Антиќ (36) доаѓа на претседателската функција кратко време откако ја заврши играчката кариера.

„Секако дека ми е малку чудно ова. Целта е да се состави силен тим од луѓе од спортот и од бизнис-сферата и потоа сите заедно да работиме на враќањето на кошарката на старите патеки. Приоритети има многу, но ќе треба време“, беше првата изјава на Антиќ.

Перо Антиќ е еден од најуспешните македонски кошаркари на сите времиња, кој трипати беше европски првак и одигра две сезони во НБА-лигата.