Голем пожар на планината Јабланица,загрозен...
недела, 31 март 2019
jablanica100k.jpgПред неколку часа на планината Јабланица избувна голем пожар. Зафатена е голема површина шума. Огнот се појавил меѓу селата Октиси и Долна Белица, Струшко,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

„Голем пожар избувна помеѓу селата Октиси и Долна Белица. Зафатен е шумскиот појас на планината Јабланица. Tеренот не е пристапен за противпожарните возила“, ни изјави портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Од Центарот за управување со кризи велат дека на местото се упатени противпожарни екипи.

Според првичните неофицијални информации, загрозен е и познатиот археолошки локалитет Вајтос. Очевидици кажуваат дека чадот може да се забележи дури и од Струга.