"Совест" кај премиерот Заев
среда, 20 март 2019
zadjamijata1q.jpgПреставници на здружението "Совест",заедно со в.д градоначалникот Константин Георгиески, помошник раководителот на секторот за урбанизам во општина Охрид Бранко Арнаудов, директорката на завод и музеј, Елеонора Новаковска и претставниците од здружението , Михаил Трендафилов, Михаил Арнаудов и Томе Џамтовски денес  имаа средба со премиерот Зоран Заев . На средбата  му беа лично образложение сите аргументи за поплаките на охриѓани за неправилностите  при реконструкцијата на Али Пашината џамија во центарот на Охрид .

Премиерот Заев посочи дека институциите ќе постапат согласно законите и дека преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се изнајдат решенија во интерес на граѓаните на градот Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид.

На средбата посебно било потенцирано од сите присутни дека Охрид и охриѓани од секога биле и се за хармоничен живот и соживот. Тие од секогаш живееле во хармонија.