"Инклузија" во посета на Собранието
вторник, 19 март 2019
inklu4q.jpgЗдружението за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛՛, Охрид вчера оствари посета на собранието на Република Северна Македонија и на Националниот Младински совет на Македонија, заедно со 25-мина ученици од средни училишта од Охрид и Стругa, студенти и младински работници.

Тие имаа можност да се запознаат со историјата на собраниската зграда, да ги посетат сите најзначајни простории, меѓу кои и кабинетот на собранискиот спикер како и да поразговараат за младинските проблеми со пратеничката Ивана Туфекџиќ. Таа им го најави и донесувањето на новиот закон за млади, во кој детално ќе бидат регулирани сите младински права и обврски.

Меѓу другото, Туфекџиќ пред нив ја нагласи и потребата од нивно активно вклучување и во претстојните јавни дебати поврзани со потребата од донесување таква законска регулатива во државата. inklu5q.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во просториите на Националниот Младински Совет на Македонија, присутните  се сретнаа со генералниот секретар, Ивона Крстевска. На средбата, таа им ги објасни принципите и начелата на работа на организацијата како најголемо претставничко тело на младите, а им ги појасни и подетално термините ՛՛младински работник՛՛ и ՛՛младински политики, а се даде и можност за дискусија околу идните активности на НМСМ и начинот на вклучување на младите во нивната реализација.inklu1q.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оваа посета се одвиваше во рамки на проектот՛՛Поттик за младински иницијативи՛՛, како дел од проектот ՛՛Силни граѓански организации, за позитивни социјални промени՛՛, спроведен од фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, институтот за развој на заедниците од Тетово и центарот за одржлив развој ՛՛Алка՛՛ од Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.